Ако се вратиме на аналогијата на изборите како шведска маса со разните кандидати како разни специјалитети, што би бил бојкотот ако не диета, чин на кој повикуваат и некои од најлутите десничари на политичката цена. И тоа диета која треба да трае додека трае и режимот на Заев, што значи цел пост, аскетски пристап кон изборите до „не се знае кога“.
Овој повик може да им се види привлечен на многумина кои се презаситија од „бљувотините“ кои ги видоа во десницата во изминативе два-три месеци, па навистина може да го загрози тоа оној опозициски кандидат кој ќе бара гласови во вториот круг.
Има десничари кои попрво од газот свој би си гризнале отколку пак да го дадат гласот на некој „вмровец“ што може утре да ги предаде за голтка амнестија и корка сув тендер.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”