Операции на срце „испумпале“ 88 милиони евра од фондовското чекмеџе кон „Жан Митрев“ и „Систина“ за 5 години!

by fokus

Од 2019 година наваму, болницата на кардиохирургот Жан Митрев добила околу 49 милиони евра, додека „Систина“, поврзана со Орце Камчев, околу 39 милиони евра од ФЗОМ.

Станува збор за средства исплатени за зафати на срце, кои се прават во неколку болници низ државава, а од 2015 година профункционира и Државната кардиохирургија.

Сепак, и покрај сѐ поголемиот број на кардиохируршки интервенции на државна сметка во јавното здравство, тоа не ги намали средствата што ги добиваат двете најголеми приватни болници.

Напротив, сумите секоја година растат.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК