Опасна игра на политички давеници

by fokus

Иако обвинувањата дека медицинска сестра намерно повредила 3-месечно бебе на национална основа се затвори како обично недоразбирање, сепак, тоа истовремено отвори многу прашања и дилеми.

Прво, ова претставува пример за еклатантно кршење на професионалните и етичките стандарди од страна на медиумот што ја објави ваквата неточна информација во сензационалистички манир, презентирајќи ја ударно само едната страна на приказната, без да се чуе и другата страна и да се направи синтеза на двете верзии според принципите на рамноправност, неутралност и објективност.

Покрај тоа, се покажа дека политичките актери во трката за политички поени се спремни дури да злоупотребат и дете.

Притоа, крајно несоодветна реакција имаше ДУИ, која очигледно ќе ги засилува штетните наративи врз меѓуетничките односи како што наближуваат локалните избори, кои ќе бидат второ полувреме од нивната битка со ВЛЕН.

Ако токму по локални избори заминаа во политичка пензија Црвенковски, Груевски и Заев, дали истата судбина го чека и Ахмети?

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК