Губиме месеци чекајќи прегледи и резултати, па болеста се продлабочува и пациенти умираат!

by fokus

Предметот „Онкологија“ сѐ уште е во истражна постапка, па останува да видиме дали крајот на годината ќе донесе обвинителен акт против досега петтемина осомничени.

Во меѓувреме, излезе уште еден ревизорски извештај, според кој состојбите не се поместени од мртва точка.

Затоа, екипата на „Фокус“ ја посети скопската Клиника за онкологија, каде што останува истиот хаос што го затекнавме и пред една година – страшна гужва, пренатрупани шалтери, пациенти со шамии, кои со часови чекаат преглед за да влезат кај доктор, а потоа и уште неколку часови за примање терапија.

Истовремено, долговите се трупаат, нема доволно лекови, позитивната листа не е обновена повеќе од една деценија, додека најтешкоболните се лекуваат со застарена терапија.

Тие секојдневно водат битка и со болеста, но и со системот.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК