Од спомениците можат да се излеат медали, ама можат и ѕвона-клопотарци!

by fokus

Што да се прави со сета таа бронза која би се добила од безбројните скулптури што режимот ги постави низ центарот на Скопје, а новата власт еве веќе тргна да ги отстранува?

Очигледно, да се соберат сите статуи во некој магацин и таму покриени со прав и пајажини да чекаат да се врати ВМРО-ДПМНЕ за да ги постави пак на старите места, нема смисла.

Не само што тоа е ептен лоша метафора за сите оние кои сонуваат никогаш да не се врати ВМРО-ДПМНЕ на власт, туку е лошо и за самата ВМРО-ДПМНЕ кога (не ако, туку кога!) ќе се врати на власт. Тие дури и да сакаат да ги вратат спомениците, нема сигурно да сакаат баш оригиналните да ги земат од дотичниот магацин, оти како ќе наместат тендер за леење на нови, така?

Затоа, во обостран интерес и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ е да се стопат скулптурите. Но што потоа да се излее ново од бронзата?

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”