Последните неофицијални податоци говорат дека во последните месеци на Клиниката за детски болести починале 47 бебиња и деца, од кои само 33 се на Одделот за интензивна нега и терапија.
Нашите извори уште додаваат дека од болестите од кои се лекувале, од вродена срцева мана починале пет деца, како предвреме родени починале 19 бебиња, пет починале од сепса, додека две од воспаление на мозок.
Исто така, уште шест од починале од тумор, три од мултималформативен синдром, додека пет се од церебрална парализа со пневмонија и две деца од дехидратација.
Факт е дека на клиниката се примаат потешки случаи на заболени деца, но дел од нив, за време на лекувањето и болничкиот третман фатиле инфекции и сепса.
Овие бројки се уште пострашни, бидејќи за време на Ковид 19 се хоспитализираат многу помалку деца
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК