Обвинителството и полицијата влегоа на клиниката – приведени вработени поради сомнежи за злоупотреби со терапија за болните од рак!

by fokus

По пет месеци предистрага, покрената по написите во неделникот „Фокус“, јавен обвинител и полиција, во раните утрински часови, во вторникот влегоа на клиниката за Онкологија, каде што го барале ексдиректорот Нико Васев, секретарката Елена Џонова, како и медицинската сестра во дневна болница, Славица Спасовска, кои биле повикани на сослушување, а приведен бил и шоферот на Васев, Спиро Дамески.

На листата на луѓе кај кои требало да се направи претрес е и поранешниот економски директор од редовите на ДУИ, Нехат Нухи.

Уште пред неколку месеци, во серијалот текстови индиректно ги посочивме сите оние што наводно учествувале во злоупотребите со биолошката терапија на онколошката клиника, што сега се потврдува и со апсењето и сослушувањето на дел од нив.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК