На обвинителката Лидија Раичевиќ не ѝ се оствари желбата да застане на чело на Републичкото јавно обвинителство и да го замени доскорашниот шеф Марко Зврлевски. Покрај тоа, таа неодамна не доби ниту уште еден мандат во Обвинителството за организиран криминал, бидејќи не ја доби поддршката од Советот на јавните обвинители.
Ваквата одлука одекна како скандал, бидејќи меѓу членовите што гласале била и Фиданка Рајевска, чиј сопруг, пак, е под истрага во случај кој го водеше Раичевиќ. Покрај очигледниот интерес Раичевиќ да не биде реизбрана, за да ѝ се одземе предметот, се случи уште еден скандал. На истата седница за обвинител во обвинителството за организиран криминал беше избрана внуката на Коле Штерјов, претседател на Судскиот совет, кој, исто така, не се иззема од гласањето.
За сите овие небулози, обвинителката Раичевиќ се согласи да зборува, коментирајќи дека е крајно време и доста се молчело за сето она што се случува зад обвинителските врати.
Разговараше
Валентина ВУРМО
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”