Објектот каде што е сместено казиното „Плеј 4 Вин“ е изнајмен од израелско-косовска фирма, која води до странскитe консултанти што работеле политички кампањи!

by fokus

Казиното „Плеј 4 Вин“ во Визбегово е лоцирано на истото место каде што се регистрирани компании поврзани со австриски и израелски консултанти, кои работеле партиски и владини кампањи во земјава.

Како што објавивме во претходниот број, една од нив е „ТЦ Тецхнологиес“ на Тал Силберстеин од Израел, кој беше обвинуван дека е креатор на црна и валкана кампања, додека другата е „Вју Тек“, првично основана од Австриецот Петер Пулер, кој соработувал со Силберстеин, а давал услуги и во земјава.

Новите податоци до кои дојдовме откриваат дека тетовската „Гаминг Професионал“, во чија сопственост е казиното, го изнајмила објектот од „КСНМ Тецхнологиес“, во сопственост на косовскиот државјанин Астрит Красниќи и од уште еден Израелец – Јаков Сиван, кој воедно е партнер во споменатата „Вју Тек“ со Зив Ерез, кој работел овде на изборите во 2020 и во 2021 година.

Иако казиното е на друга компанија, сепак, „КСНМ“ ја заштитила трговската марка „Плеј 4 Вин“, а патем регистрирала и подружница за угостителство со истиот назив?!

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК