Во „Големото јаболко”, во „Стаклената палата” се одржа уште еден голем, но некомплетен шаховски турнир.
На светската „Шаховска табла” на која не секогаш полињата се само бели или само црни, оти некои од време на време стануваат помалку бели или повеќе црни, меѓународните „велемајстори” ги одмерува силите и знаењето. Оваа година, за прв пат и од Македонија имаше шахист.
А не како минативе години „пацери” кои на „велемајсторите” само им ги рушеа фигурите. Како и да не знаеја ништо друго освен „Не лути се човече”!
Овој пат, останува неизвесно каков разултат во некоја од шаховските табли ќе постигне нашиот претставник. Ќе победи ли, или ќе изгуби? „Шах-мат”, ама кој кому? Реми или „пат позиција. А можеби „цајтнот”?
Пишува
Александар ДИМИТРОВ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”