Подолг период, на оваа скопска клиника се користеле цитостатици со поминат рок, се правеле фиктивни истории на роднини и пријатели, кои подоцна се криеле или уништувале, а преку нив се раздолжувале лековите.
Исто така, како што тврдат нашите доброупатени соговорници, во историите фигурирале починати пациенти или пациенти што веќе биле во крајна фаза, а на нив им се пропишувале огромни дози на имуно-терапија.
Работите одат дотаму што дел од лекарите тврдат дека може на болните да им се стави минимално количество од лекот, а другото да биде обичен физиолошки раствор.
Никој не може да контролира што всушност примаат болните, особено откако бил забранет КАТО-системот, преку кој се вршела евиденција за внес на сите терапии. „Фокус“ открива со кои лекови се правеле манипулации со цел незаконска заработка на грбот на тешко болните од рак!
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК