Нина Ангеловска: Дојдов за да правам промени, ќе има и смели одлуки

by fokus

Во интервју за „Фокус“, новата министерка за финансии,  децидно потенцира дека е дојдена на функцијата за да прави промени и својата младост не ја смета за никакво ограничување.

Тврди дека веќе се работи на сет закони за натамошна либерализација на пазарот на платежни услуги, за зголемување на заштитата на депонентите преку натамошно јакнење на супервизијата над банките и за стимулација на пазарот на капитал.

Најавува и жестока борба против сивата економија и создавање рамноправна бизнис-клима за сите. Вели дека стабилниот курс на денарот нема да се чепка, но најавува други смели мерки за стимулација на растот на економијата.

И најинтересно од сѐ, верува дека и во ваква администрација има човечки потенцијал да ги спроведе тие промени

Разговараше
Дејан АЗЕСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК