Неготинска компанија на сопругот на училишна директорка добивал општински тендери за канцелариски материјал!

by fokus

Веќе две недели не стивнуваат реакциите за наставничката од Неготино, која заврши во психијатриската болница „Негорци“. Таа таму е сместена откако актуелната директорка на ООУ „Гоце Делчев“ ја пријавува во полиција за недолично однесување со учениците.

Но, истата таа наставничка, која заврши на лекување, претходно ѝ била конкуренција за директор на актуелната директорка по што огласот бил поништен.

Нејзиниот сопруг има своја приватна фирма за канцелариски материјали, која што редовно добива тендери од Општина Неготино.

Семејството на наставничката сместена во „Негорци“ обвинува за притисоци и закани, поради што алармантно ѝ се влошило здравјето.

Директорката, пак, ги отфрла сите обвинувања!

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК