Не очекувај власта да стане чесна, туку работи на тоа јавноста да остане будна

by fokus

Свесноста дека по Курто доаѓа Мурто и обратно, е налик на свесноста дека секој ден треба да се прават физички вежби за да се остане во кондиција.

И како што еден ден правиш вежби за мускулите од горниот дел на телото, а следниот ден нив ги одмораш додека правиш вежби за мускулите од долниот дел од телото, еден ден вежбаш за сила, друг ден за кондиција, така некако и на политичката сцена треба да се гледа.

Во еден мандат се бориш против корупцијата кај политичарите што глумат дека се проевропски, во друг мандат против корупцијата кај политичарите што глумат дека се патриоти, малку против јавашлукот, па ќе смениш против апашлукот и така наизменично, за да не се замориш.

Тераш постојано, дури не ти стане рутина тоа.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК