Наместо да заврши во државниот буџет, мрежа од фирми, проценители, извршители и службени лица го обезвредни и раскрчми имотот на Кочан!

by fokus

Во 2019 година, Сеад Кочан беше правосилно осуден на четири години и осум месеци затвор. Освен тоа, судот донесе одлука да му се конфискува имотот во вредност од 17 милиони евра. Но, осудениот бизнисмен веќе излезе од затвор, а институциите сѐ уште не му го конфискуваа имотот.

Низ годините беше обезвреднет, а дел се користеше и за приватен профит. ДКСК обелодени како најголем дел од имотот завршил кај „Пуцко петрол“, како дел бил продаден од банките, но ниту денар не е вратен во буџетот. „Фокус“ дојде до пресуди што ги потврдил Врховниот суд, според кои, спогодбата меѓу „Трансмет“ и „Пуцко петрол“ е поништена.

Сепак, ова е само мал дел од имотот, другиот дел ниту една институција не може да го лоцира.

Пишува
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК