Наместо да се стават во функција на пациентите: Над 200 медицински апарати, вредни преку 100 милиони евра, фаќаат прашина и скапуваат во подруми!

by fokus

Во далечната 2010 година, власта под капата на Никола Груевски го најави грандиозниот проект од над 100 милиони евра за набавка на медицинска опрема. Тука и „пукна“ скандалот, бидејќи апаратите се набавија, но дел од нив воопшто не беа инсталирани, друг дел веднаш мораа да се сервисираат, додека трет дел останаа да фаќаат прашина.

Најавените четири апарати за зрачна терапија, за најтешко болните пациенти од 6 милиони евра, пак, сѐ уште не го видоа светлото на денот. Апаратите стигнаа, никој не кажа како се набавени и како се плаќаат.

По цели 14 години, поголемиот дел од нив скапуваат во магацините. Според информации на „Фокус“, повеќе од 200 медицински апарати откако пристигнаа, не биле ставени во функција!

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК