Најлесно нож во грбот можат да ти забијат токму тие што први ќе застанат зад тебе

by fokus

Кој има мотив гласачите кои себеси се сметаат за патриоти, десничари, вмровци и слично, да ги бојкотираат изборите и со тоа де факто да гласаат против Гордана Силјановска? Кој ќе ќари од тоа?

Прво, конкурентите на Мицкоски, кои одвај чекаат тој да доживее изборен дебакл, па да го симнат од тронот во партијата.

Второ, разните радикални десничари, кои повикуваат на бојкот, и ако бојкотот биде релативно успешен, со тоа ќе покажат дека се силни и влијателни и дека идното раководство во ВМРО-ДПМНЕ треба нив да ги земе како сериозен фактор и да ги внесе во игра за понатаму.

Конечно, СДСМ има најсилен интерес да се неутрализираат што е можно повеќе потенцијални вмровски гласачи, па од тука заклучокот е јасен.

Eфектот од вмровскиот бојкот најмногу ќе биде во насока на интересите на СДСМ, и на оние вмровски фаци, кои за да ја зајакнат својата позиција, спремни се да ѝ наштетат, барем привремено, на својата сопствена партија.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”