По политичките промени, исти компании продолжија да ги добиваат милионските тендери од ЕСМ за работа во рудниците на РЕК Битола. Еден од новите „играчи“ на оваа сцена беше „СВ-Инвест“ на Стојан Чифлигароски, кој јавно изјави дека е пријател со Вице Заев.
За период од само 3 години, неговата фирма доби тендери вредни 6 милиони евра, но во 2021 година изненадувачки падна во стечај. Сепак, истовремено никна „Новоматрикс“, која е во формална сопственост на управителот на „СВ-Инвест“ – Александар Наумов.
Потоа, „Новоматрикс“ склучи два договори за технолошко чистење во РЕК Битола вредни над 3 милиони евра, при што вториот договор лани го доби во постапка со директни преговори, откако две отворени постапки на чуден начин пропаднаа.
Своевремено, „Новоматрикс“ била во сопственост и на „Архи“ или денешна „Панорама резиденс“, во чија сопственичка структура се промениле многу субјекти, така што денес е во целосна сопственост на „Орка“ на Орце Камчев.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК