Мицкоски регрутираше соработници од ЕСМ, потценети вмровци во време на Груевски и лути противници на Ахмети!

by fokus

Ако своевремено Груевски во партијата и во владата се опкружи со луѓе со кои претходно соработувал во Министерството за финансии, Мицкоски се опкружи со некогашни соработници од АД ЕСМ (ЕЛЕМ), каде што, на пример, соработувал со Димитриеска-Кочоска, Томовски, Лимани…

Сепак, најголемиот круг на негови соработници се кадри со корени во ВМРО-ДПМНЕ, како што се министрите Николоски, Мисајловски, Муцунски и Трипуновски, чиј заеднички именител е тоа што беа во втор план, во време на Груевски, кога други луѓе го имаа главниот збор.

Воедно, Мицкоски регрутираше и пријатели, како што е Тошковски, кој своевремено бил дел од Министерството за транспорт и врски заедно со секретарот Јанушев.

На крајот, Мицкоски и неговите партнери од ВЛЕН ги врзува силна антиДУИ линија, а шаренило на Илинденска ѝ даваат министрите на ЗНАМ, чиј најинтересен експонент е Минчев, кој порано бил генсек на СДСМ.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК