Мицкоски крие колку заработил од хидроцентралите и со кој „европски бизнис-крем“ тргувал струја од стотици милиони евра!

by fokus

Премиерот Христијан Мицкоски, неколкупати јавно повикува надлежните органи да му го испитаат потеклото на имотот. Но, истовремено тој одбива да открие колку точно средства инвестирал, а колку заработил од малите хидроцентрали.

Исто така, одбива да открие кои се луѓето од, како што самиот вели, европскиот бизнис-крем со кој седел на маса, каде се склучувале зделки во делот на трговија со струја вредни стотици милиони евра.

Додека не одговара на конкретното прашање дали соработувал со најмоќните регионални играчи, кога е во прашање бизнисот со трговија со струја – Војин Лазаревиќ и Вух Хамовиќ, таква дилема нема за министерката за енергетика, Сања Божиновска, која била директорка на компанија, чиј мнозински сопственик е токму Лазаревиќ.

Тој и Хамовиќ беа присутни во земјава преку „ЕФТ Македонија“, чиј долгогодишен директор беше бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев, кого САД го стави на „црна листа“ поради „вмешаност во значителна корупција“.

Според новиот Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, надлежност да врши прибирање податоци за имот чие стекнување не може да се докаже дека е од законски извори има Управата за финансиска полиција, но од таму не ни доставија податок колку вакви проверки извршиле по барање на јавен обвинител или физичко лице!

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК