Миле Зечевиќ-Вардарски: Постои реална можност за уставни измени, да не изгубиме нови 10 години!

by fokus

Откако беше избран за генерален секретар на СДСМ пред повеќе од една година, Зечевиќ се обраќал на партиски настани и трибини, но никогаш не настапил на медиум.

Првото интервју како прв партиски оперативец го дава за неделникот „Фокус“, посочувајќи дека не бил гладен за медиумско внимание. Mеѓутоа, како што истакнува, цени дека сега дошол важен момент да се кажат отворено работите во овие „клучни премрежија за македонската иднина“.

Според него, СДСМ може да застане рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ и заеднички да ги истуркаат уставните измени.

Toj смета дека европска Македонија е единствената опција за сигурна македонска иднина, додека Европската Унија е најголемиот чувар на македонизмот.

Во ексклузивното интервју за „Фокус“, Миле Зечевиќ говори за состојбите во СДСМ, изнесува мислење за ситуацијата во правосудството, а открива и што значи атрибутот со кој се претставува во последно време – Вардарски

Разговара
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК