Антикорупциската комисија утврди дека финансирањето спортските субјекти преку ваучери резултира со нетранспарентност и неотчетност, што создава реален ризик за директно или посредно договарање меѓу спортска федерација или клуб како имател на ваучерот и даночниот обврзник, односно компанија што учествувала во финансирањето, а за сметка на тоа била ослободена од данок на добивка.
По барање на ДКСК, постапуваше и Државниот завод за ревизија, кој констатираше дека Агенцијата за млади и спорт не воспоставила внатрешни контроли за законско користење на средствата што се трансферираат на спортските федерации, а воедно нотирала дека не биле предвидени критериуми за избор на членовите во Централната комисија задолжена за распределбата на спортските ваучери.
Поради овие и ред други аномалии, антикорупционерите побараа и кривична одговорност за првиот човек на АМС, Наумче Мојсовски, како и за членовите на Централната комисија, чиј прв претседател бил Даниел Димевски, актуелен претседател на МОК.
Додека Јавното обвинителство води предистрага, во која, како што веќе пишуваше „Фокус“, уште се испитува и закупот на Димевски на дел од СРЦ „Кале“ и издавање на дел од овој простор на подзакуп, владата предложи, а Собранието усвои законски измени, кои предвидуваат исплатите да ги врши директно државата, што претставува своевидно признание за дефектноста на претходниот ваучерски систем, чиј автор и реализатор е првиот човек на МОК.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК