За само неколку месеци, во клиничката болница во Битола починаа младо момче, петгодишно девојче и две новороденчиња.
Во меѓувреме, клиниката беше „сардисана“ од јавни обвинители, за што се отворија и неколку истраги, а чашата ја „прели“ ревизорскиот извештај, кој констатираше низа неправилности во финансиското работење. На обвинителна клупа седнаа економскиот директор и главната медицинска сестра за злоупотреба на службената положба.
Докторот, пак, кој пиел за време на дежурство, со години наназад бил заштитен или игнориран.
Неодамна, за време на негово дежурство, критичен пациент требало да биде пратен во Скопје, но тоа не било сторено, па на крајот, за жал, починал.
Освен него, пијани на работа биле фатени и сестра и болничарка, кои имале и други проблеми.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК