Пред една недела, родилка за малку ќе однела туѓо бебе дома, откако претходно настанала збрка со бројот под кој се води бебето и вистинското име и презиме на мајката.
Според нашите информации, станува збор за замена на две женски бебиња, од кои едното од бебињата завршило во погрешни раце, а вистинското бебе било оставено на скопската клиника. Но, тоа не е сѐ.
Нашите извори уште тврдат дека родителите со погрешното бебе стигнале до автомобилот, каде што дури таму увиделе дека не се работи за нивното бебе и дека ја зеле ќерката на други родители.
Поради овој случај, Гинекологија ги затегнува процедурите и сега сите родители откако ќе си го земат бебето, ќе мора да се потпишат дека тоа е нивното бебе, за во иднина да не се случуваат вакви скандали
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”