Луксузен охридски хотел не располагал со апарат за срцева реанимација за време на смртта на поранешниот шкотски премиер Салмонд!

by fokus

„Фокус“ со оваа тема почна да се занимава откако до нашата редакција стигна дојава од очевидец на целиот настан, кој во детали раскажува што се случувало дента кога во познатиот охридски хотел почина поранешниот шкотски премиер Алекс Салмонд, за што веќе е известено и Министерството за здравство.

„Организаторот двапати во медиумите ја смени изјавата, прво тврдејќи дека поранешниот шкотски премиер бил со супер здравје, за подоцна да кажат дека имал проблеми со ногата“, раскажува очевидецот, додавајќи дека Салмонд претходно бил во спа-центарот на хотелот.

Што точно и како се случило, никој не може да потврди, со оглед на тоа што никој не знае дали веќе починатиот имал претходно некакви здравствени проблеми, дали во меѓувреме нешто се случило додека траел целиот настан, па го предизвикал срцевиот удар.

Но, факт е дека доктор не го прегледал, туку само на крај од Итната медицинска помош била констатирана смрт, додека обдукцијата покажала дека се работи за срцев удар.

Тогаш, луксузниот хотел не располагал со дефибрилатор, како што налага Законот за здравствена заштита, со кој веднаш би се реагирало ако на некој од гостите му се слоши.

Тоа немало да биде гаранција дека поранешниот шкотски премиер ќе се спасел, но, сепак, ќе му се укажеше помош најбргу што може.

Инаку, законската обврска за поседување дефибрилатори беше смислена во време на Груевски, а цела бизнис-зделка тежеше над 100 милиони евра.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК