Љубчо Георгиевски: Македонија ќе беше подобра држава, ако во 2001 година поминеше идејата за трампа на територии и население!

by fokus

Георгиевски e прв лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер во периодот од 1998 до 2002 година, но по изборниот пораз се повлече од лидерската позиција, а по внатрепартискиот раскол ја формираше ВМРО-НП, која денес е составен дел од владејачката коалиција предводена од СДСМ.

Во мегаинтервју за „Фокус“, тој говори за неговата позиција во владата и за неговата поранешна партија, ги коментира состојбите во правосудството, се осврнува на евроинтеграциите и на уставните измени, а изнесува мислење и за бугарско-македонските односи, како и за коренот и природата на меѓусебните проблеми.

Според него, Македонија за себе треба да ја исправи фалсификуваната историја, но воедно порачува дека и Бугарија треба да ја апдејтува нивната историографија, бидејќи, како што истакнува, главниот концепт и креација на македонската нација во денешна смисла ја прави бугарската комунистичката партија.

Исто така, говори и за концептот на поделба на Македонија пред дваесетина години, односно, како што вели, за идејата за трампа на територии и население, откривајќи детали кој сѐ бил вклучен во процесот.

Разговараше
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК