Локалните избори ја издишаа националистичката гајда

by fokus

На овие локални избори, главниот белег го претставуваше судирот меѓу две концепции. Едната од нив, чиј челник беше Никола Груевски, ги убедуваше граѓаните дека „СДС“ ја уништува државата и дека ја предава на внатрешен план, на Албанците, а на надворешен план, пред сѐ, на соседите и така ги поништува сите до сега постигнати резултати во многу генерации на Македонците од минатото.

Втората концепција што ја застапуваше Зоран Заев на овие избори беше комплетно спротивставена на оваа на Груевски.

Од Заев можеше да се слушне дека Македонија се отвора кон соседите и ја јакне својата позиција во регионот, одново ја добива дури и засилена довербата на нашите клучни пријатели во странство, САД и во земјите од Европската унија и НАТО.

Наместо да расправа за „пропастот и уништувањето“ на земјата, Заев ги повика граѓаните да се определат за „живот во Македонија“

Пишува
Стојан АНДОВ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”