Личности на годината на „Фокус“

by Фокус

Годината што измина ја обележаа повеќе контроверзни одлуки на власта, законски решенија и потези кои предизвикаа негодување кај граѓаните, синдикатите, студентите, интелектуалците, работниците, стечајците и кај опозициските политички партии.

Масовните студентски протести и протестите на хонорарците го зовреа политичкиот котел на крајот од 2014.

Сето тоа само ја продлабочи политичката криза, која почна со контроверзните парламентарни и претседателски избори, чии резултати опозицијата не ги призна.

Годинава продолжи несовесното трошење пари за проектот „Скопје 2014“ и барокните зданија, но и политиката на власта за кратење на граѓанските права во повеќе области.

Борбата за демократија, правда и независно судство, слободата на печатот и изразувањето и човековите права, остана главно обележје и во 2014, а во центарот на таа борба се личностите на годината во најтесниот избор на „Фокус“.

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”