Крокус сити може да биде новиот 11 септември!

by fokus

Ако руската страна успее да докаже дека Киев на каков било начин е поврзан со терористичките напади во Москва, тоа од корен може да ги промени работите.

Убаво се памети ентузијазмот за мобилизација кај Американците по 11 септември 2001 или, пак, по нападот на Перл Харбор. Овие историски трагични настани многу често биле и сплотувачки и речиси секогаш претставувале почеток на некоја поголема пресвртница.

Судејќи според моменталната состојба на теренот, каков било дополнителен „буст“ на руската армија може да значи крај за Украина. Ова официјално го предупредуваат буквално од сите западни држави што досега беа најголеми сојузници на Украина.

Веројатно затоа се брза околу почетокот на оперативната употреба на авионите „Ф16“, макар по цена и тие да полетуваат од другите НАТО членки, за што лично Путин предупреди дека ќе биде повод за директен напад на конкретните авиобази, без разлика што не се наоѓаат на територијата на Украина.

Пишува
Дејан АЗЕСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК