Криминалци и насилници како кучиња на пропагандата

by fokus

Кога почна да се наѕира падот на режимот, кој од Македонија направи „заробена држава“, многумина пропагандисти исчезнаа од јавната сцена, или, пак, малку се упристоија, па продолжија понатаму.

Арно ама, еден дел продолжи да тера по старо, да лепи етикети и да оцрнува неистомисленици, да шири говор на омраза без одговорност, да блуе отров наоколу против замислени противници.

Дури, како што поминува времето и како што се насетуваат нови политички промени, тие земаат сѐ поголем замав. Меѓу нив спаѓа и еден докажан криминалец, своевремено осуден за финансиски малверзации, бидејќи измамил луѓе дека ќе им обезбеди американска виза, поради што извесен период помина и зад решетки.

Токму тој, заедно со поранешен бриселски дописник на буџетски товар, плетат разни конструкции и ги пласираат по социјалните мрежи, обидувајќи се лагите и измислиците да ги продадат како апсолутна вистина.

Една таква приказна, овие криминалци, мешетари и кучиња на пропагандата измислија и за мене…

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК