Адвокатот Костадин Богданов во 2011 година беше именуван за владин агент пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а во 2017 година поднесе барање за престанок на оваа функција и продолжи да работи како адвокат.
Тој за време на својата државна функција беше еден од ретките од ВМРО-ДПМНЕ, кој остана коректен и професионален од почеток до крај на својата функција и се смета за еден од најдобрите познавачи на функционирањето на судот во Стразбур.
Беше дел од реформаторите од ВМРО-ДПМНЕ, а сега во интервју за „Фокус“ зборува за тоа каква одлука би можел да донесе судот во Стразбур за аболицијата на Иванов, на која се повикуваат членовите на поранешното раководство на партијата.
Зборува и за реформите што треба да се спроведат во судството, за капацитетот на сегашниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски, но и за промените што треба да се случат во најголемата опозициска партија.
Разговараше
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК