Компанија на експремиерот Георгиевски добила 3 милиони евра од буџетот, а должи 130.000 евра за данок!

by fokus

Иако градежната компанија „АМГ Едилха“, каде што доминантен удел поседува Љубчо Георгиевски, инкасирала милионски средства од буџетот, сепак, се најде во најновата листа на должници кон државата.

Додека оваа компанија книжи високи приходи, но ниска добивка, матичната компанија на Георгиевски, „Вип Проект“, остварила профит од над половина милион евра, само во последните две години.

Патем, експремиерот и актуелен лидер на ВМРО-НП ја поседува некогашната компанија на Крста Марковиќ (Лумикс) – „Еуропрофил“, која му отстапила земјиште на бизнисменот Фатмир Етеми да изгради станбен комплекс на скопско Водно.

Пишуваат
Влатко СТОЈАНОВСКИ
Фросина ФАКОВА – СЕРАФИНОВИЌ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК