„Испитувајте, има многу компании што земаат тендери во Гостивар, не ги знам сите“ – вака ни одговори лидерот на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, кога неодамна го прашавме дали 2 компании почнале да соработуваат со Гостивар и органи под раководната палка на Алијанса поради блискост со него и партијата?
Според податоците што ги обезбедивме, едната од нив е „Хана Дизајн“, подоцна преименувана во „Лев Гроуп“, која е основана од активистот на АА, Влерим Исени, а денес ја поседува друг партиски активист – Елмедин Шабани. Веднаш по формирањето во 2019 година, оваа фирма со еден вработен почнала да добива тендери од Општина Гостивар, гостиварски „Комуналец“ и од други јавни органи, исто како и градежната „Арт Линеа Дизајн“.
Притоа, откриваме дека втората компанија соработувала со градежната „Леарт Проект“, во сопственост на Лирим Таравари, братучед на Арбен Таравари.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК