Колку помалку министри ќе има во идната влада, толку поголема моќ и шанси за корупција ќе добие секој министер

by fokus

Кога се спојуваат неколку сектори во еден, на чело на таквите грст мегаминистерства (при што секое такво министерство е минијатурна „влада во влада“, а секој таков министер е мини-премиер) раководните лица мора да бидат мегаминистри, што значи луѓе со извонредни способности, натчовечка енергија и натпросечна интелигенција. Таквите се ретки.

Просто е неразбирливо како Мицкоски, кој го има личното искуство со Данела Арсовска, која тој ја направи градоначалник на Скопје (своевиден мегаградоначалник како аналогија на мегаминистер) да не гледа дека утре кога ќе има пет-шест мегаминистри во неговата влада, секој од нив ќе може да стане нова Данела, која ќе му задава главоболки.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК