Колку пари собрале СДСМ, ВМРО и ДУИ од државата и од донатори, а колку потрошиле за пропаганда, плати…?

by fokus

Владејачкиот СДСМ бележи раст на вкупните приливи на парични средства, но кога ќе се навлезе во структурата на приходите, се забележува дека ланската 2023 година собрала драстично помалку пари од членарина и донации, во споредба со претходната 2022 година.

Притоа, владејачката партија потрошила повеќе пари на рекламирање, а го стегнале кесето за плати и надоместоци. Во ситуација кога државата се јавува како извор на 90 отсто од приходите, опозициската ВМРО-ДПМНЕ собрала симболични 423.900 денари по основ на членарини и 3,7 милиони денари од донации, при што како најголем донатор се јавува приватна компанија.

Што се однесува до ДУИ, пак, таа предничи според собраните приходи, додека како најголеми донатори фигурираат 4 физички лица со исто презиме.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК