Ако компанијата „Македонија лек“ во здравствените домови доставувала вакцини со погрешни декларации или со поминат рок, зошто за тоа никој не реагирал до надлежните институции? Нели е обврска на здравствените работници секогаш да проверат каква вакцина им ставаат на бебињата?
Инаку, вакцините со погрешни декларации на кутиите, како што дознава „Фокус“, се запленети и сместени во просториите на „Македонија лек“, иако првично излегоа информации дека од Агенцијата за лекови и медицински помагала МАЛМЕД побарала од компанијата да ги уништи во Дрисла.
Во меѓувреме, додека сѐ уште се „истражува“ вината на фирмата, новиот тендер е во полн ек, а дел од компаниите веќе се подготвуваат до го лапнат бизнисот!
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”