Кој (не) би сакал референдумот за името да пропадне?

by fokus

Професионалните Македонци, по неуспешниот референдум може да ќарат дури и повеќе од професионалните Северномакедонци, и тоа на два начина, во зависност од тоа каде ќе го пласираат набраниот пиреј од богатата жетва.

Ако го нудат на Запад, пристапот ќе им биде во стилот „дајте ни пари, ама многу пари, за наредниот референдум да биде успешен“ и тоа би требало да е стратегијата на главатарите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во техничка смисла, тоа би било креирање заедничка влада со СДСМ (оти, нели, по неуспехот на референдумот политичката ситуација ќе биде зрела за таква влада), влада која ќе преговара за да дојде до „достоинствено решение“ со Грција, по што тоа решение ќе им се продаде на вмровските гласачи како поприфатливо од ова што е сега на маса.

А во заедничката влада, министрите на ВМРО-ДПМНЕ ќе местат тендери како што местеа некогаш и ќе префрлаат милиони евра од кредитите, грантовите и проектите од западното торбуле, наведено погоре, до своите партиски олигарси и тендерџии.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”