Кои спортски клубови и федерации профитирале од спорното финансирање преку ваучерски систем?

by fokus

До неодамна, државната поддршка кон спортот се реализираше преку ваучерски систем, на начин што приватна компанија можеше да издвои средства за поддршка кон клуб, федерација или индивидуалец, а за износот на донираните средства да ѝ се намали пресметаниот данок на добивка.

Арно ама, антикорупционерите и ревизорите утврдија постоење ризик за договарање, со цел дел од донираните средства да бидат вратени назад на компанијата.

Поради тоа, се извршија законски измени со кои се укина овој модел и се воведе директно буџетско субвенционирање на спортот.

Воедно, обвинителството изврши истрага и поднесе обвинение против 12 лица, кои се товарат за малверзации тешки 5 милиони евра.

„Фокус“ го обезбеди обвинителниот предлог, каде што се наведени субјектите на кои им биле доделени спортски ваучери без почитување процедури и критериуми.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК