На главниот пат во скопско Визбегово се наоѓа казиното „Плеј 4 Вин“, кое официјално е дел од групацијата на „Стар“ казина на тетовската компанија „Гаминг Професионал“. Податоците што ги обезбедивме покажуваат дека на иста адреса каде што е лоцирано ова казино се регистрирани повеќе фирми, а една од нив е „ТЦ Тецхнологиес“.
Нејзин сопственик е Тал Силберстеин, познат политички консултант од Израел, кој беше обвинет дека е креатор на црна и валкана кампања во Австрија, а во матичната држава беше гонет за перење пари. За потсетување, своевремено во јавноста осамна една фотографија од него и од поранешниот македонски премиер Зоран Заев.
Во меѓувреме, регионална „ѕвезда“ стана неговиот „ученик“ Асаф Еисин, кој долги години го советува српскиот претседател Александар Вучиќ. Нашите сознанија говорат дека Еисин неформално работел за ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година, кога на чело на партијата уште е Никола Груевски, а потоа давал услуги и за новата власт на СДСМ и ДУИ.
Сепак, неговото присуство во земјава не може официјално да се потврди, што не е случај со еден друг израелски експерт – Зив Ерез. Тој самиот открива дека работел во земјава на парламентарните избори во 2020 и на локалните избори во 2021 година, но не го обелоденува клиентот, иако неофицијално станува збор за ДУИ на Али Ахмети.
Информациите до кои дојдовме покажуваат дека тој, заедно со партнер од Израел (Јаков Сиван), во земјава ја поседува компанијата „Вју Тек“, исто така лоцирана кај „Плеј 4 Вин“. Првично, основач на компанијата бил Австриецот Петер Пулер, кој соработувал со Силберстеин во Австрија, а давал услуги и во земјава.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК