Кога политичарите ќе кренат раце од народот, на народот му останува да ги крене на клоци политичарите

by fokus

Корупцијата ни стана толку банална, и муабетите за неа толку секојдневни и здодевни, што за некоја година (или месец), нема да е чудно и во вестите, таму некаде на крајот по прогнозата за времето утре, да видиме прогнози за тендерите што ќе се местат во наредните денови.

– За изградбата на трасата на автопатот од Башмиегајлево до Ичнемичуевци, тендеролозите најавуваат доумерно корумпирано со изгледи за повремени кавги меѓу партиите околу провизиите, но без поголема опасност од избивање на афери или скандали. Бизнисмените се предупредуваат да возат внимателно до партиските црни фондови и задолжително да носат опрема за подмитување – некако вака би звучела „миторолошката“ прогноза.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК