Кога на народот ќе му се стемни од власта, на опозицијата ќе ѝ се раздени

by fokus

На ниту една партија не треба да ѝ се дава премногу власт, а и ниту една опозиција не треба да биде премногу немоќна.

Власта треба да се плаши од опозицијата, опозицијата од власта, а и едните, и другите да се плашат од народот, ама и тој од нив, па да не им дава одврзани раце ни на едните, ни на другите, туку да ги држи на синџир, со цврста рака, која ќе знае да милува, ама и да казнува.

За среќа, партиите, барем оние големите, се неуништливи. Како што, според легендите, вампирите чекаат да се стемни за да тргнат во акција, така и опозициските партии чекаат на народот да му се стемни за да се вратат во живот.

Тоа треба да го знае секоја партија, која од власт заминува во опозиција. Сѐ додека на народот не му се стемни, на опозицијата не може да ѝ се раздени.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК