Најновата вест од Швајцарија значи, која од толку интересни случувања кај нас никој не ја запази, беше изненадувачкиот резултат на референдумот кој се одржа на петти јуни (баш денот кога кај нас не се одржаа предвремените парламентарни избори).
На овој референдум швајцарскиот народ со убедливо мнозинство (од 76,9 отсто наспроти 23,1 отсто) го отфрли предлогот на секој швајцарски граѓанин државата да му обезбеди гарантиран месечен приход од барем 2.500 франци, сума за која во Швајцарија се смета дека е најниската граница под која човек не може да живее пристојно.
Швајцарските граѓани на референдумот убедливо ја отфрлија иницијативата, на големо чудење на сите кои слушнаа за целата работа, а особено на Балканците. Како можеа да се Швајцарците толку глупи, па да одбијат муфте пари? Некој да ти дава пари, и тоа 2.500 франци месечно, а ти да не мораш ништо да работиш, доволно е само да постоиш? Која будала, бре, би го отфрлил тоа?
Па, тој што треба да плати, и кој што самиот нема никаква корист од тоа да субвенционира главно, мрзливци и паразити.
Пишува
Нено БОГДАН
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”