Ќе се разоткријат ли политичарите, бизнисмените, функционерите, па и новинарите што водеа хајки преку „ДоказМ“?!

by fokus

Јас сум производ на системот, целта беше да се убие гласникот, рече Марјан Стаменковски, познат како Марјан „ДоказМ“, осуден на правосилна пресуда на 2 години и 6 месеци затвор за текстовите со кои правеше јавен линч на познати и непознати.

Но, повеќе од една година се води предистрага, која треба да ги открие неговите брифери, односно соработниците што му давале информации, кои ги објавувал „без пардон“, а дел од нив и плаќале за нив.

Додека од Јавното обвинителство велат дека активно се работи на случајот, дека прибираат податоци и дека вршат проверки, „Доказ“ продолжува да врши „лов на вештерки“ и отстрел на „неподобните“.

Во меѓувреме, неговите спонзори остануваат официјално непознати и стискаат палци така да остане. За кои луѓе станува збор?

Пишува
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК