Ќе се испитува потеклото на имот на таткото на градоначалничката Арсовска

by fokus

Пред две недели, неделникот „Фокус“ објави имотни листови, кои откриваат дека таткото на Арсовска, Ванчо Јовановски поседува недвижен имот од вкупно над 3.500 квадратни метри.

Официјалната документација од Катастарот на недвижности што ја обезбедивме покажува дека нејзиното семејство поседува голем недвижен имот составен од куќи, хотели и згради.

По објавата на „Фокус“, реагираа од Антикорупциска комисија, кои ќе ја проверат вистинитоста на анкетниот лист на Арсовска, како и УЈП, која има право да поведе даночна постапка за да го испита потеклото на имотот на семејството на актуелната градоначалничка

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК