Скопјани веќе одамна се помирија со фактот дека депонијата „Дрисла“ нема да стане еколошка оаза, која, наместо загаден воздух, ќе произведува струја. Надежите згаснаа откако италијанскиот концесионер, по 8 години, беше избркан, без да ги вложи ветените 73 милиони евра.
За тоа, пак, што точно се случувало во депонијата веќе со години истражува обвинителството, а крајот сѐ уште не се гледа.
Додека тие истражуваат, „Фокус“ ги ископа договорите за адвокатски услуги на депонијата. Дознаваме дека тие, засега, не се спорни за обвинителите, но тоа не ја спречува јавноста да дознае каде се одлевале дел од парите.
Пишува
Валентина ВУРМО
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК