Според информациите на „Фокус“, пред речиси една недела, на утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести биле присутни и двајца професори од Институтот за медицина на трудот, кои го образложиле предлогот за воведување ковид-менаџери во сите компании и болници.
Ако овој предлог помине, двајцата професори ќе бидат тие што ќе им држат обука на идните ковид-менаџери.
Ваквата идеја наишла на бурни реакции кај дел од членовите на Комисијата, кои не разбираат зошто по толку време се појавува ваков предлог, иако секоја фирма мора да ги почитува безбедносните протоколи при работа, особено сега во време на пандемија.
Министерот за здравство ја потврди информацијата, но нагласи дека засега е само предлог и нема никакви детали
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК