Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, експресно се сменија директорите на сите јавни здравствени установи. Една од оние што добри се укотви на директорска фотелја е доктор Каролина Симоновска, која шест месеци управуваше со Институтот за белодробни заболувања.
Како што велат вработените, таа направи тотален хаос, делела откази од ракав, му се одмаздувала на медицинскиот персонал, па дури потпишала изјава во медиумите да не се споменува нејзиното име без нејзина согласност.
И покрај сите реакции, неа ѝ беа дадени бројни шанси.
Сепак, чашата се прелеа пред неколку дена, кога министерот Арбен Таравари ја разреши, па на нејзино место беше поставена доктор Катерина Бошковска.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК