Карантинот на долг рок е неиздржлив, но е многу подобар од  заразување со корона вирусот

by fokus

Италија страда повеќе од Германија и од Англија, не поради немањето здравствен систем, туку поради менталитетот на Италијанците. Нивниот менталитет е многу сличен на нашиот – македонскиот, каде што дружењето со многу луѓе е светост, кое не треба да се прекине по ниту една цена, а препораките од државата задолжително да се игнорираат што е можно повеќе.

Сепак, овдешните искуства покажуваат дека и со најдисциплинираниот народ е тешко да се одржи целосен карантин на долг рок. Затоа прецизно треба да се одреди најпогодниот можен тајминг, кога целосно треба да се „заклучат“ луѓето дома за тоа да има најголем ефект и да не се  предизвикаат контраефекти.

Покрај физичката здравствена заштита, италијанските искуства покажуваат дека набргу ќе се појави потреба и од психолошки третмани врз поширокото население. Особено во ситуација кога никој не знае колку долго ќе трае ова чудо.

Наш специјален дописник
Дејан АЗЕСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК