„Бетон Штип“, во 2015 година склучи договори со Министерството за образование и наука за изградба нови објекти во кампусот на УКИМ, каде што требаше да бидат сместени факултетите за компјутерски науки и физичко образование, во вредност од нецели 20 милиони евра, што е за 3,7 милиони евра повеќе од проценетата вредност на набавката.
Притоа, „Бетон Штип“ ја доби оваа зделка, победувајќи конкуренција од десетина компании, меѓу кои и „Едилха“, во косопственост на експремиерот Љубчо Георгиевски, чија ВМРО-НП реагираше дека тендерот е незаконски.
Сепак, оваа компанија на Камчеви, Панделески, Митроски и партнерите, кои беа обвинети во предметот „Империја“ и признаа вина, ја доби зделката и ги изгради објектите до фаза на карабина, за што во периодот од 2016 до 2019 година инкасирала околу 3 милиони евра.
Всушност, градењето престанува кога друштвото паѓа во стечај, кој завршува со план за реорганизација и формирање нов истоимен субјект. Во меѓувреме, компанијата покренува и добива судски постапки против МОН за задржан, а невратен депозит.
Истовремено, пак, МОН не успева да ги догради почнатите објекти, иако сите министри го ветуваа спротивното.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК