Откако Заев обвини дека проруски бизнисмен финансирал насилни протести во Македонија, ОЦЦРП објави дека станува збор за рускиот бизнисмен со грчко потекло Иван Савидис, кој дал најмалку 300.000 долари на македонски политичари, националистички организации и на навивачки групи за да го саботира договорот за името.
За таа цел, неговиот весник „Етнос“ неодамна направи бурна атмосфера во земјава со спинуваната изјава на Ципрас дека македонската нација не постои, додека неговиот фудбалски клуб ПАОК ги поддржа антимакедонските протести во Грција.
Тој неодамна одлучи да ги продаде тутунските комбинати во руски Ростов на Дон и грчки Ксанти на „Јапан Тобако“, но, според информации на „Фокус“, надлежни институции во земјава испитуваат дали е поврзан со две компании со странски капитал што дејствуваат во тутунскиот сектор во Македонија
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”